SEETRO 2022

5 Конгрес на Технологија во Радијациона Онкологија во Југоисточна Европа 7-9 Октомври 2022, Скопје, Македонија

SEETRO 2022 Skopje Endorsed by ESTRO

7-9 октомври 2022 година

5 Конгрес на Технологија во Радијациона Онкологија во Југоисточна Европа

Регистрирај се веднаш!

СТАНУВАЊЕ RTT - ОБРАЗОВАНИЕ, СЕРТИФИКАЦИЈА И КАРИЕРА

За Конгресот

SEETRO е Регионален конгрес за РТТ (Радијациони технолози / радијациони терапевти) во регионот на Југоисточна Европа, во соработка со пошироката европска РТТ заедница.Иницијативата за овој Конгрес како регионална соработка меѓу земјите произлезе како позитивен фидбек од проектот ESTRO/IAEA Train the Trainers наречен: „Најдобра практика во радијациона онкологија – курс за обука на обучувачи на RTT“. Земјите од Јужна и Источна Европа кои учествуваа во оваа иницијатива развија низа локално организирани курсеви, кои со текот на времето преку соработката меѓу овие земји се зголемија и конечно резултираа со колаборативен регионален концепт на професионална средба.

Првиот регионален конгрес на РТТ (Радијациони технолози/Радиотерапевти) се одржа во Белград (Србија) во 2013 година и беше огромен успех. Две години подоцна, следеше СЕЕТРО 2015 година што се одржа во Загреб (Хрватска), зголемувајќи го бројот на учесници на осум земји. Софија (Бугарија) беше домаќин на СЕЕТРО 2017 година, кој се зголеми на 13 земји учеснички и опфати значителен број научни и стручни теми. Во Љубљана (Словенија) се одржа SEETRO 2019, продолжувајќи ја нагорната традиција. Веруваме дека и во текот на следниот Конгрес и многумина што доаѓаат ќе продолжиме со ентузијазмот, соработката и професионалното усовршување што досега се покажа како големо искуство.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО 2022 година во Скопје, Македонија.

52Професионалци

12Предавачи

5Теми

3Спонзори

Конгресна Програма Локација на Конгресот

Откриј го скопје

Посететете ги 10те топ дестинации и туристички атракции во Скопје

Започни со истражување

Партнери & Спонзори

Златен спонзор

Varian

сребрен спонзор

Orfit

СПОНЗОРИ

Локација

Конгресот ќе се одржи во зградата на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, во Комплексот Универзитетски Клиники Мајка Тереза.

Најчесто поставувани прашања

Сѐ што сакате да знаете на едно место

Каде и кога ќе се одржи конгресот?

Петтиот конгрес на радиолошки технолози од Јужна и Источна Европа во радијациона онкологија ќе се одржи во Скопје, Македонија од 7ми до 9ти Октомври 2022 година.

За кого е наменет конгресот?

Конгресот е наменет за РТТ (Радиолошки технолози/Радијациони терапевти), медицински физичари и радијациони онколози како и за сите професионалци од сферата на Онкологија и Радиотерапија во Јужна и Источна Европа и Европската унија.

Како да пристигнете на настанот?

Освен доколку не е наведено во информациите за настанот, Организацискиот одбор не ги покрива трошоците до и од настанот. На Ваша одговорност е организирањето превоз до и од настанот. Доколку е потребно организацискиот одбор ќе ги обезбеди сите потребни информации на тие што ќе присуствуваат.

Колку чини котизацијата?

До 31.08.2022 чини 100€,

Од 01.09.2022 чини 120€, и

за студенти чини 50€.

Како да се регистрирам?

Ве молиме следете го линкот.

Може ли да ја преземам Конгресната програма?

Да секако. Агендата на Конгресот и научната програма можете слободно да ги преземете ТУКА!